За Ансамблот

Ансамблот за народни песни и игри “Јонче Христовски” - Скопје е формиран во декември 2002 година од група ентузијасти и вљубеници во македонското народно творештво се со цел да го негува, презентира и афирмира македонскиот фолклор и обичаи изразени преку народни игри, песни, инструмент и носии.

Ансамблот го носи името на доаенот на македонската народна песна и игра Јонче Христовски кој што остави длабоки траги во македонското народно творештво со своите песни и кореографии.


Во ансамблот членуваат околу 150 деца и млади поделени во три групи, и тоа најмала група во која членуваат деца на возраст од 7 - 10 години, средна група во која членуваат деца на возратст од 10 -16 години и голема група во која членуваат млади на возратст од 16 -24 години. Во склоп на ансамблот егзистира и народен оркестар.


Од своето формирање па до денес Ансамблот има учествувано на повеќе културни манифестации во земјата и странство и има воспоставено соработка со многубројни организации од Републиката и надвор од неа. Ансамблот на меѓународен план е активен и секоја година зема учество на неколку фестивали ширум Европа .


Ансамблот во текот на своето постоење има учествувано на повеќе меѓународни фолклорни фестивали во Франција, Хрватска, Турција, Словенија, Чешка, Бугарија, Србија, Словачка, Унгарија, Полска, Италија и др. каде што со своите врвни уметнички презентации предизвика голем интерес и внимание кај љубителите на фолклорот.

Актуелно

Успешно претставување и освоено прво место во Турција

Успешно претставување и освоено прво место на ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски” – Скопје на меѓународниот фолклорен фестивал „ Sisli culture and art festival”...
Прочитај повеќе...

Втор меѓународен фолклорен фестивал

Ансамблот за народни песни и игри „ Јонче Христовски”- Скопје во соработка со општина Гази Баба и Дом на културата „Кочо Рацин”- Скопје во периодот од 18 -22 август 2011 година ќе го организира II-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал.

Прочитај повеќе...