Концерти и турени

Ансамблот "Јонче Христовски" има учествувано на повеќе културни манифестации во земјата и странство и има воспоставено соработка со многубројни организации од Републиката и надвор од неа. Ансамблот на меѓународен план е активен и секоја година зема учество на неколку фестивали ширум Европа . Ансамблот во текот на своето постоење има учествувано на повеќе меѓународни фолклорни фестивали во Франција, Хрватска, Турција, Словенија, Чешка, Бугарија, Србија, Словачка, Унгарија, Полска, Италија и др. каде што со своите врвни уметнички презентации предизвика голем интерес и внимание кај љубителите на фолклорот.

Актуелно

Успешно претставување и освоено прво место во Турција

Успешно претставување и освоено прво место на ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски” – Скопје на меѓународниот фолклорен фестивал „ Sisli culture and art festival”...
Прочитај повеќе...

Втор меѓународен фолклорен фестивал

Ансамблот за народни песни и игри „ Јонче Христовски”- Скопје во соработка со општина Гази Баба и Дом на културата „Кочо Рацин”- Скопје во периодот од 18 -22 август 2011 година ќе го организира II-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал.

Прочитај повеќе...