Новости

Втор меѓународен фолклорен фестивал

Ансамблот за народни песни и игри „ Јонче Христовски”- Скопје во соработка со општина Гази Баба и Дом на културата „Кочо Рацин”- Скопје во периодот од 18 -22 август 2011 година ќе го организира II-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал. На фестивалот покрај нашиот ансамбл учество ќе земат и: фолклорна група „Детелини“ од Павел Бања, Р.Бугарија , фолклорен ансамбл при Универзитетот Бартин од Бартин, Р.Турција и фолклорен ансамбл „Мале Залеси” од Лухачовице, Р.Чешка. За време на фестивалот групите ќе имаат можност да настапат на следниве локации : во „СОС” детско село во нас.Ченто, на плштадот во Автокоманда, во општина Ѓорче Петров и во Центар на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза.