Новости

Трет меѓународен фолклорен фестивал "Гази Баба"

Ансамблот за народни песни и игри „ Јонче Христовски”- Скопје во соработка со општина Гази Баба и Дом на културата „Кочо Рацин”- Скопје во периодот од 25 - 29 јуни 2012 година ќе го организира III-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба“.
На фестивалот покрај нашиот ансамбл учество ќе земат и: фолклорна група „Подгорец“ од Загреб Р.Хрватска, фолклорен ансамбл „Анадолија“ од Измир, Р.Турција,фолклорен ансамбл „Лублин” од Лублин , Р.Полска и фолклорен ансамбл „Орли “ од Тирана ,Р.Албанија. За време на фестивалот групите ќе имаат можност да настапат на следниве локации : во општина „Сарај”, населба Ченто, на плштадот во Автокоманда, во општина Ѓорче Петров и во Центар на градскиот плоштад.