Новости

Меѓународна активност на Ансамблот "Јонче Христовски" во 2013 година

Меѓународна активност на Ансамблот во 2013 година Ансамблот за народни песни и игри “Јонче Христовски” – Скопје , во 2013 година зеде учество на детскиот меѓународен фолклорен фестивал кој што се одржа од 19 -22 Април во Панчево ,Р.Србија. На овој меѓународен фолклорен фестивал покрај нашиот ансамбл учество земаа домаќинот КУД “ Станко Пауновиќ “ како и повеќе фолклорни групи од Европа.

Во рамките на овој фестивал се одржаа повеќе целовечерни концерти каде што ансамблот Јонче Христовски имаше мошне успешно претставување и беше многу добро прифатен од домашната публика. Ансамблот за народни песни и игри “Јонче Христовски” – Скопје , во 2013 година зеде учество на меѓународен фолклорен фестивал “ Esdansa “ во Лес Пресес, Каталонија , Шпанија кој што се одржа од 19- 26 Август.На овој фолкорен фестивал покрај нашиот ансамбл учество земаа и групи од Перу,Чиле, Свазиланд, Ирска и Јапонија како и домашната група “Marboleny”.

Во рамките на фестивалот ансамблот “Јонче Христовски” имаше повеќе успешни настапи кои што беа масовно посетени и успешно ја презентираше македонската фолклорна традиција пред многубројната публика. Меѓународниот фолклорен фестивал беше медиумски покриен од повеќе локални телевизии.