Новости

IV Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба“ 2013

Ансамблот за народни песни и игри „ Јонче Христовски”- Скопје во соработка со општина Гази Баба и Дом на културата „Кочо Рацин”- Скопје во периодот од 4- 9 јули 2013 година го организираше IV-от по ред Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба“. На фестивалот покрај нашиот ансамбл учество земаа и: фолклорна група „Туана “ – Истанбул, Р,Турција, Ансамбл Черемош – Лвив,Украина, Фолклорна група “Трискеле” – Арагона,Сицилија, КУД “Станко Пауновиќ” – Панчево, Р.Србија и фолклорна група “Марболени” – Лес Пресес, Каталунија,Шпанија.

Во рамиките на IV-от Меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба се одржаа 4 целовечерни концерти во градот Скопје , во старата сскопска чаршија, на плоштадот Македонија, на плоштадот во Автокоманда и Во спортската сала во населба Ченто. Во рамките на фестивалот фолклорните групи имаа мошне успешно претставување и посетеноста беше на високо ниво.